„* Македонија во 2024 година ќе има два избора: за претседател и парламентарните избори. Со тоа ќе се овозможи Владата на оваа земја за првпат да биде раководена премиер-Албанец. Такво нешто е овозможено со политичкиот договор меѓу четирите главни партии.“ – изјави претседателот на Собранието на * Македонија Талат Џафери во емисијата „Дебатно катче“ на „ТЕВЕ 1“. Ова го пренесува информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Илирија-ИНА пренесува: Во интервјуто тој посочи дека тоа е политички договор на ова мнозинство во последните 100 дена од Владата да ја води премиер-Албанец. „Прашањето за премиерот-Албанец е дефинирано од овој парламентарен состав и беше тема на политички расправо во составот на сегашното парламентарно мнозинство. Тоа е политички договор за совладеење во овој мандат, дека последните 100 дена од овој парламентарен состав со техничката Влада да раководи премиер-Албанец.“ – кажа Џафери.
Запрашан дали постои можност и по новите избори да има албански премиер, тој одговори дека тоа зависи од консензусот на мнозинството по изборите.





