Три лица завршија во болница во Загреб, а едно во Риека, поради сомневање за труење со газиран пијалок.
Хрватскиот институт за јавно здравје ги добил мострите од безалкохолниот пијалок што им го обезбедила Санитарната инспекција по извршениот увид во кафуле во Риека каде на едно лице неодамна му се слошило, а резултатите од анализата ќе бидат доставени до Државниот инспекторат.
Министерот за здравство Вили Берош на новинарско прашање дали граѓаните можат да бидат безбедни одговори:
„Не можам да го кажам тоа во моментов, ниту некој, имаме два пијалоци во два града, флаширани во две земји… Најдобро е да се пие вода“.






