Денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе почнат од северозападните и северните делови од земјата, а во текот на денот ќе се прошират насекаде.
Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат над 20 л/м2.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд, повремено пообилни. Попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.






