Премиерот Димитар Ковачевски доби вистински прекор од новинар на вчерашната заедничка конференција со министерот Крешник Бектеши поради несериозното однесување.
Додека Бектеши одговараше на новинарските прашања околу изворите со кои Македонија ќе се снабдува Македонија со гас по поскапувањето на рускиот гас, Ковачевски не престана да се смее зад неговиот грб.
Потоа со потсмев праша: Дали уште некој има прашање за гас или немате толку знаење?
Новинар му порача: Премиере, треба да бидете малку покоректни и посериозни затоа што статистиките за слобода на говор се влошуваат!







