Македонците во Бугарија ниту во сон, а камоли пак на дочек на Нова година

Од егзотични повеќедневни патувања на Малдиви, Бали, Мароко, Тајланд, Куба, Мексико кои чинат неколку илјади евра до организирано патување во Солун за само 50 евра. Туристичките агенции имаат понуда за новогодишни патувања за сечиј џеб. Цените се повисоки за 30% споредено со лани.



Граѓаните веќе пројавуваат интерес и некои веќе резервираат патување. Дел од нив, пак, нема да патуваат и ќе слават во домашни ресторани или дома…

…Дел од граѓаните Нова година сакаат да ја спојат со зимскиот одмор и да престојуваат на планина, но зимските ски-центри сè уште ги немаат објавено цените.

– Овие аранжмани се далеку поскапи од патувањата за Нова година во градовите. Поблиските зимски центри уште не ги објавија цените. Копаоник калкулира со цените, бугарските центри исто така. Но очекувам зимските центри да бидат поскапи од минатата година, а со оглед на влошените македонско-бугарски односи тешко дека можеме да се надеваме дека голем број наши државјани ќе зимуваат во Бугарија бидејќи летото не помина добро – вели Нацевски за Плус Инфо.

Линк до целиот текст:

https://plusinfo.mk/makedoncite-a-otpishaa-bugari-a-za-odmor-za-egzotichen-dochek-na-nova-godina-e-se-plati-i-do-1-500-evra/