
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан потврди дека израелските сили се во срцето на градот Газа.
Тој додаде дека лидерот на Хамас во Газа наводно е опколен во бункер.
Министерот не кажа каде е тој бункер, пишува Sky news.
„Израел нема да владее со Газа по војната, ниту пак Хамас“, рече Галан.
Да потсетиме, утринава премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе има „целосна безбедносна одговорност“ во Газа „на неодреден временски период“.
„Нема да има хуманитарна пауза додека не се вратат заложниците“, рече Галан.





