Министерот за економија Кршеник Бектеши објави дека рускиот гас од денеска е поскап во Македонија поради одлуката на Бугарија да воведе екстра оданочување од 10 евра по мегаватчас за енергенсот што транзитира низ оваа земја. Македонија речиси целосно се снабдува со руски гас бидејќи има само еден изграден гасовод кој е поврзан со Бугарија и тој во моментов е со ограничен капацитет.

– Снабдувачот кој има директен договор со „Газпром“ започна со зголемување на цените за 10 евра со вградување на таксата која е воведена во Бугарија. Такви снабдувачи во државата имаме двајца – еден е фирма ќерка на ТЕ-ТО, а другата е фирма во Македонија која користи целосно руски гас. Тие веќе стануваат неконкурентни на македонскиот пазар со снабдување на рускиот природен гас, рече Бектеши.
За топланите и за дел од индустријата, имаме доволни количини на гас кои сме ги отвориле дополнително за државата. Сепак имајќи ја во предвид, потрошувачката во земјата, а најголем потрошувач е ТЕ-ТО, ние мислиме дека од бугарската страна е нефер пристапот да се воведе такса, а паралено со тоа да се даваат во закуп на истата компанија на која и воведувате такса, вели министерот за економија, Крешник Бектеши за воведената такса од Бугарија за транзитот на рускиот гас.
Во земјава, истакнува Бектеши, потрошувачката е 400 милиони нормални метри кубни. Половина се ослободени, а другата половина мора да биде снабдувана од Газпром и со нивна дозвола да се користат други снабдувачи.





