„Според информациите што ги добив и по продолжувањето на градењето на автопат, по склучувањето на анексот пред неколку години, повторно на самата траса се појавиле нови 11 свлечишта и тие не овозможуваат да се доврши автопатот, изјави премиерот Димитар Ковачавски според кој Владата барала начини како да се доврши автопатот за кој и тој самиот рече дека 1- години е предолг рок…изјави денбеска премиерот Ковачевски.
Ќе го преплатиме ли автопатот „Кичево-Охрид“? Ревизијата почна, ама што носи?!
„Тоа е нешто што мора да се исправи. Но, истовремено се поставува прашањето дали тој изведувач и неговите супконтрактори, по 10 години, се во состојба да изградат такво автопатско решение.
И второ, прашање е дали самите проектантски куќи што имаат лиценци за вакви големи инфраструктурни проекти тоа го направиле на начин што ќе обезбеди брза, квалитетна и навремена изградба. Тоа се двете анализи што се прават и што Министерството за транспорт и врски ќе треба да ги достави до Владата“, рече Ковачевски.






