За премиерот Димитар Ковачевски, враќањето на Никола Груевски во земјава е депласирана тема.
Тој вели дека ако тие шпекулации биле точни, експремиерот веќе ќе бил дојден во државава.
Ковачевски потсети дека за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски има потерница да се врати во Македонија.
„И тој треба да се врати, но за да се соочи со правдата, согласно македонските закони, и согласно со пресудите од независните правосудни органи…“, рече актуелниот премиер






