Возот Скопје-Битола остана без пруга

Прекинат е сообраќајот на единствениот воз на релација Битола-Скопје поради запалени прагови на пруга помеѓу Слепче и Браилово.



„Причина било запалено стрниште покрај пругата кое се проширило и запалило и прагови на пругата, поради што железничкиот сообраќај е во прекин. Се работи на повторно оспособување на пругата“, информираат од Железничката станица во Велес.

„Вчера попладне била запалена ниска вегетација по што се запалиле и прагови на пругата помеѓу селата Слепче и Браилово, прилепско.Со брза и ефикасна интервенција на пожарникарите од ТППЕ Прилеп пожарот синоќа бил изгаснат, информираат од ЦУК.

Ова е третпат за месец и половина во прекин да биде возот на релација Битола-Прилеп-Велес-Скопје и обратно.