Музејот заедно со споменикот што ја симболизира Голема Албанија, служи како болен потсетник за историските неправди и територијалните претензии кои предизвикаа огромно страдање и поделба во регионот, велат од Обединетата Македонска Дијаспора која најостро го осудува отворањето на музејот на УЧК вреден 300.000 евра, накитен со споменик што ја симболизира „Голема Албанија“..



Од ОМД велат дека изградбата на споменик што ја велича територијалната експанзионистичка идеологија не е погодна за поттикнување разбирање и помирување. Наместо тоа, таа овековечува опасен наратив кој ја загрозува деликатната рамнотежа на Балканот.

ОМД ја повикува македонската влада да преземе итни мерки за отстранување на овој споменик. Исто така ги повикуваат странските амбасади и Европската Унија веднаш најостро да го осудат овој чин.

ОМД изрази подготвеност да ја поддржи владата во нејзините напори да ја поправи оваа ситуација. Ја повикуваат меѓународната заедница, особено соседните земји на Балканот, да им се придружат во осудата на овој споменик и да се залагаат за негово итно отстранување.