На Тетово му се заканува „водна“ криза

Постои ризик Тетово да остане без вода за пиење. Поради недостигот од дожд и снег од една страна и заматеноста на водата од изворите на Лешница од друга, постои ризик Тетово да остане без вода за пиење.



Изворите на Лешница се 10 пати позагадени од дозволеното ниво, пишува ТВ.21.

„Обврзани сме да ги исклучиме изворите на Лешница и сме обврзани да се снабдиме од старите извори кои реално се многу малку и има многу малку вода“, вели Лулзим Шаќири.

„Имаме недостиг на околу 140 литри вода во секунда. Со исклучување на системот на Лешница од употреба, ние изгубивме 140 литри, а тоа е потребната количина за градот.

Активирани се и алтернативните извори велат од јавното претпријатие, но количината на вода и понатаму не е повеќе од 220 литри вода во секунда, нешто што предизвика чешмите во градот Тетово да останат без вода.