Албански парламент: „Ги бркаш преку врата, влегуваат низ прозорец”

Тројца пратеници од Демократската партија, кои во петокот беа исклучени од работата на албанското Собранието на 10 дена поради физички конфликт со колеги од редовите на Социјалистите. Но, сепак тројцата опозициски пратеници си нашле начин како да се вратат во собраниските столчиња, а во тоа им помогнале и колеги.



Погледнете го видеото:

Пратениците Ервин Салијањи, Петрит Дода и Едмонд Спахо во петокот беа исклучени од работата на собранието на 10 дена.

Единствени кои не успеале да влезат во Собранието се Газменд Барди и Албана Вокши. Нив чуварите ги спречиле да влезат низ прозорците.

На 30 октомври во албанскиот Парламент имаше кавга, а потоа и тепачка.