Ако немаме леб ќе јадеме торта?! Земјоделците мака мачат со пченицата

Македонските земјоделци се жалат дека поради сушата голем дел од обработливите површини им останале непосеани, а ваквата состојба воопшто не е наивна ако се земе предвид можноста дека идната година ќе произведеме далеку помалку пченица од вообичаеното. Еден од земјоделците со коишто разговараше Денар е Благоја Стојанов од Струмица, кој поседува 20 хектари земја наменета за жито. Но, тој се жали дека земјата во овој период била многу тврда и дека сè уште ги нема изорано нивите, иако досега требало да бидат насадени.



Не можам да го влечам плугот по оваа земја, како да е камен. Морав да чекам да падне дожд. Ако се сеќавате, пред овие дождови за време на викендот, одамна немаше заврнато. Се плашев дека ќе ја пропуштам сеидбата и дека ќе останам без приходи, но Господ ги услиша моите молитви и ни даде дожд”, вели Стојанов.

Агрономите, пак, велат дека климатските промени си го прават своето. Тие ги советуваат земјоделците да ја одберат вистинската житарка која може да биде отпорна на сите временски услови.

Гледате какво е времето во ноември, а и лани не видовме зима. Затоа, земјоделцит треба да почнат да се прилагодуваат на новите состојби. Пченицата е најчувствителна на суша, па треба да се избегнува да се сее на суви и песочни земјишта. Подобро е да се сее јачмен или овес, кои се поадаптирани на недостиг на вода и можат да издржат суша. Исто така, треба да се користат сорти кои се ранозрели и кои имаат поголем принос”, советуваат агрономите.

Вообичаениот рок за сеидба е од 10 до 25 октомври. Сеидбата пред овој период ќе ја прерасне пченицата и на тој начин ќе ѝ се намали отпорноста за презимување. Повеќе на Денар.мк.