Секогаш кога ДУИ се фатени во пљачка на народни пари веднаш вртат на национализам и шовинизам

„Секогаш кога ДУИ се фатени во лоповлук, во кражба, пљачка тие веднаш вртат на националните теми, односно на национализам и шовинизам. ДУИ е веќе во кампања и периодов што следи, вакви провокации ќе има“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како коментар на изјавата на Али Ахмети дадена викендов во кумановско Сопот дека сакале да нема граница со Албанија, но дека прагматизмот, а не фанатизмот победил и дека иднината е во ЕУ кога со Албанија и Косово, како што рече Ахмети, ќе се избришат границите кога сите три држави ќе станат членки.



Мицкоски: Кога Ахмети е во тесно игра на националистичка карта

„Колку се националистичките провокации поголеми, бидете сигурни дека повторно некој тендер се решава во четири очи и повторно се ограбуваат македонските граѓани. Ќе ве потсетам на ветувањата на Али Ахмети на оние камен темелници, како што е фабриката за електрични автомобили во Тетово, покрај дупката и сега веќе поголемата трева, буквално ништо не се случува. Албанците секојдневно ја напуштаат Македонија поради лошите политики на владата на ДУИ и СДСМ, тоа што СДСМ избрале да бидат измеќари, тоа народот ќе си го каже за неколку месеци од денеска“, рече Мицкоски.