„Али Ахмети: Кога бев фукара, се борев за Албанија. Сега како олигарх се борам за Србија!“ – со оваа иронична објава на својот фејсбук – профил поранешниот амбасадор и сега политички аналитичар Арсим Зеколи преку потсмев и на „креативен начин“ ја „цитира“ изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети во кумановското село Сопот дека тој ја „започнал својата дејност да ја прави Голема Албанија, ама и оти политиките се смениле“.
Означувајќи го шефот на ДУИ „сега како олигарх“, Зеколи посочува на „новата дејност“ која ја „започнал тој“: дека „урипал“ во „бизнисменски води“, од каде што ја „започнува“ „борбата за Србија“!





