Ројтерс: Путин останува на власт најмалку до 2030-та

Владимир Путин одлучиl да се кандидира на претседателските избори во март, потег што ќе го задржи на власт најмалку до 2030 година.



Рускиот претседател чувствувал дека мора да ја води Русија низ најопасниот период во последните децении, изјавија извори за Ројтерс.

Путин, кому Борис Елцин му го врачи претседателството на последниот ден од 1999 година, веќе беше претседател подолго од кој било друг руски владетел од Јозеф Сталин, повеќе дури и 18-годишниот мандат на Леонид Брежњев.

Анонимни извори за Ројтерс велат дека вестите за одлуката на Путин протекоа и дека советниците сега се подготвуваат за кампањата и изборите за Путин.

За Путин, кој според анкетите има рејтинг од 80 отсто во Русија, изборите се формалност доколку се кандидира: Со поддршка од државата, државните медиуми и речиси без мејнстрим јавно несогласување, тој сигурно ќе победи.

Странски дипломатски извор, кој исто така побара анонимност, рече дека Путин неодамна ја донел одлуката и дека објавата ќе дојде наскоро.

Додека многу странски дипломати, шпиони и официјални лица велат дека очекуваат Путин да остане на власт доживотно, до сега нема конкретна потврда за неговите планови да се кандидира на претседателските избори во март 2024 година.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да коментира. Песков во септември изјави дека ако Путин одлучи да се кандидира, тогаш никој нема да може да се натпреварува со него.

Кремљ ги отфрли информациите дека Путин не е добар со здравјето, како и дезинформациите што ги шири Запад.