На свеченоста во кумановското село Сопот, каде беше отворен меморијален центар на УЧК, лидерот на ДУИ Али Ахмети упатил неколку пораки, пренесуваат маедиуми на албански јазик.



„Кога ја почнавме активноста, ја почнавме за да ја направиме Албанија, да нема граница, но политиките се сменија и избравме прагматизам, а не фанатизам.

Ние избравме Албанците во Македонија да бидат државотворци, да бидат господари во оваа земја и да се залагаат во сопствената држава, а ова знаме денес е официјално и неприкосновено.

Еве ја крвта на стотици војници, патриоти и Албанци. Албанскиот јазик е официјален и неприкосновен“, изјавил Ахмети на отворањето на музејот каде се изложени фотографии на команданти на УЧК, како и ликови од воениот конфликт во Македонија, но и фотографиите од поранешниот командант на УЧК, Али Ахмети.

Меѓу музејските експонати е и знамето на „Голема Албанија“, во чии рамки се голем дел од Македонија, Србија и од Грција, а пред влезот на комплексот има мермерна плоча со карта на „Голема Албанија“…. објави Плусинфо