Хајдари: Алија Делија „тргна да ја прави Албанија“, ама се попишмани и стана бизнисмен, вмешан во коруптивни скандали!

Како е можно Алија Делија да ‘тргнал да ја прави Албанија’, а денес тој и неговото семејство се вмешани во најразновидни афери и коруптивни скандали, како што се Соравија и други? Има и многу други авантури и политички неуспеси на ‘Алија од Албанија’.Тој наиде на потсмевања кога кажа дека ‘ја имал започнато дејноста да ја прави Албанија’, бидејќи испадна оти на тој пат се попишманил! Откако дојде на власт Ахмети не само што го заборави ‘правењето на Албанија’, туку ги заборави и Албанците и си почна со својот семеен бизнис. Ахмети ‘тргна да ја прави Албанија’, но стана бизнисмен!– вели Фејзи Хајдари, новинар и издавач на весникот на албански јазик „Лајм“, во својата колумна со наслов „ Ахмети тргна ‘да ја направи Албанија’, ја освои Соравија“, која ја објави „Лајм“.



Покрај другото, Хајдари пишува во колумната: „Ја почнавме дејноста да ја направиме Албанија, но политиките се сменија!“ – кажа лидерот на „дуистите“ Али Ахмети во кумановското село Сопот. Браво за политиките и браво за дејноста на Али Ахмети, што ги реализираше, ама од Призрен, во Косово, и од Швајцарија, во азил, каде што престојуваше во текот на целата војна во 2001 година, додека таа се водеше во * Македонија!

Ќе потсетам на некои работи, со цел да се разоткрие големата лага на Али Ахмети, во која не верува никој од Албанците, освен оние, кои ги има во ДУИ. Неговата изјава дека „тргнал да ја прави Албанија, ама се смениле политиките“ е смешна и неоснована, таа е навредлива и детинска.

Се сеќавате на фамозните соопштенија на УЧК, кои започнуваа со „се бориме за територија“, а завршуваа како „борба за човечки права“. Ахмети „тргна да ја прави Албанија во Македонија“, но не тргнал добро, па се попишманил, правејќи сто  пазари, за да го потпише Охридскиот договор, кој не создал речиси ништо национално за Албанците… Ние продолжуваме да бидеме „20-процентен“ народ. Албанскиот е исто така „20-процентен“ јазик. Алија Делија ги исмејува насобраните во Сопот и им вели: „Албанскиот јазик и знаме се официјални“! Празни зборови!

Тој наиде на потсмевања кога кажа дека „ја имал започнато дејноста  да ја прави Албанија“, бидејќи испадна оти на тој пат се попишманил! Али Ахмети покажува дека не е свесен за штетите и катастрофалните последици, што им ги донесе на Албанците како народ овде во Македонија. И по 20 години продолжуваме да се занимаваме со речиси истиот национален проблем и со истиот степен на економска дискриминација во однос на Македонците.