Персоналот на воздухопловните сили на Јордан рано во понеделникот „фрли“ итна медицинска помош во јорданската теренска болница во Газа.
„Авион на кралското воено воздухопловство фрли итна медицинска помош со помош на падобрани во јорданската теренска болница во Газа, чии резерви истекуваат поради доцнењето на испораката на помош преку преминот Рафах“, соопшти државната новинска агенција на Јордан, пренесе Ројтерс.
Јордан минатата недела објави дека го отповика својот амбасадор во Израел во знак на протест поради израелското бомбардирање на Газа.
Здравствените власти во Газа, под контрола на Хамас, соопштија дека повеќе од 9.770 Палестинци се убиени во војната, која започна кога Хамас изврши ненадеен напад врз јужен Израел на 7 октомври, при што беа убиени 1.400 луѓе и зедоа повеќе од 240 како заложници.







