Долгогодишниот висок функционер на ДУИ, некогашниот „огнен“ а сега лидер на неодамна формираното Демократски движење, Изет Меџити, отфрла коалиција со македонски партии по изборите убеден дека вчера промовираниот „Европскиот сојуз за промени“ ќе биде победник на парламентарните избори догодина.
„Стратешки партнер на албанската опозиција ќе бидат гласачите Албанци и Албанците. Немаме стратешки партнер кај Македонците. Ние тврдиме дека ќе бидеме победници и ќе ги претставуваме Албанците во следната Влада“, вели Меџити“, пренесува ТВ21.
Изјавата доаѓа по интервјуто на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за РСЕ, кој рече дека неговата партија ќе освои 61 мандати, а за евентуална коалиција рече дека нивната програма може да се усогласи со онаа на албанската опозиција.







