Војната во Газа ќе го чини Израел 51 милијарда долари

Војната со Хамас во Појасот Газа ќе го чини Израел дури 51 милијарда долари, објави денеска финансискиот весник Cалкалист, повикувајќи се на прелиминарни податоци на Министерството за финансии.



Весникот наведува дека проценката, еднаква на 10 отсто од бруто домашниот производ, се заснова на војна која трае меѓу 8 и 12 месеци, ограничена на Газа, без целосно учество на либанскиот Хезболах, Иран или Јемен, и со исплата на околу 350.000 Израелци кои беа регрутирани во резервниот состав.