А1.Он: Кој сака оштета дека бил прислушкуван, сам ќе мора да тужи

Кривичниот суд ги советува оштетените од масовното прислушување во Македонија, кои сакаат да добијат надомест на штета, тоа да го сторат преку граѓанска парница.



Ова може да се прочита во решението за сопирање на постапката кое освен до обвинетите, почна да стигнува и до оштетените, а до кое дојде и А1он.

„Согласно член 114 став 3 од ЗКП, оштетените за предјавеното имотно правно барање – надомест на штета, спрема обвинетите Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Марјан Шумуликоски и Васил Исакоски, се упатуваат на спор – граѓанска постапка“, стои во решението за запирање на постапката, а поради застарување на делото, бидејќи тоа следува по измените на Кривичниот законик од 6 септември годинава, пренесува порталот.