Министер од екстремистичка израелска партија вели дека една од опциите на Израел во војната во Газа е да фрли нуклеарна бомба на Појасот.
Запрашан во интервју дали треба да се фрли атомска бомба врз енклавата, министерот за наследство Амичаи Елијаху рече дека „ова е една од можностите“, објави „Тimes of Israel“.
Елијаху не е дел од безбедносниот кабинет кој е вклучен во донесувањето одлуки за време на војната, ниту пак има влијание врз воениот кабинет.
Елијаху, околу прашањето за хуманитарна помош во Газа, вели дека „не би им врачиле хуманитарна помош на нацистите“ и обвини дека „не постои такво нешто како неинволвирани цивили во Газа“.
Тој го поддржува повторното заземање на територијата на Појасот Газа и обновувањето на тамошните населби.
Запрашан за судбината на палестинското население, тој вели:
„Тие можат да одат во Ирска или во пустина, чудовиштата во Газа треба сами да најдат решение“.
Тој вели дека Газа нема право да постои, додавајќи дека секој што вее палестинско или знаме на Хамас „не треба да продолжи да живее на лицето на земјата“.
На изјавата реагираше премиерот Нетанјаху:
„Изјавите на министерот Амихаи Елијаху не се засноваат на реалноста. Израел и IDF работат во согласност со највисоките стандарди на меѓународното право за да избегнат штета на невините. Така ќе продолжиме до нашата победа“, овјави премиерот на „Х“.
Од израелската влада соопштија дека премиерот Нетанјаху го суспендира министерот за наследство Амихаи Елијаху од владините состаноци на неодредено време…







