Вооруженото крило на палестинската вооружена фракција Хамас во саботата соопшти дека повеќе од 60 заложници исчезнале поради израелските воздушни напади врз Газа, пренесува Ројтерс.
Абу Убајда, портпарол на бригадите Из-Дин ал-Касам, во соопштение на Хамас рече дека под урнатините се пронајдени 23 тела на 60 исчезнати израелски заложници.
„Се чини дека никогаш нема да можеме да дојдеме до нив поради континуираната брутална агресија на окупацијата врз Газа“, рече тој.
Ројтерс не можеше веднаш да ја потврди изјавата. Израелската војска одби да коментира.
Синоќа илјадници протестираа во Израел што е уште еден притисок врз премиерот Бенјамин Нетанјаху да се справои со заложничката криза.
Граѓани, вклучително и роднини и пријатели на некои од заложниците, извикувајќи: „Вратете ги дома сега“.
Се зголемува меѓународниот притисок врз Израел да се согласи на хуманитарни паузи во борбите во Газа, но роднините на заложниците рекоа дека тие мора да бидат ослободени како предуслов.
Во Ерусалим стотици луѓе се собраа пред резиденцијата на Нетанјаху со посилни повици за негова оставка.







