Во својот осми настап за Хајдук, седми во Хрватската фудбалска лига (ХНЛ), Александар Трајковски го постигна својот првенец во дресот на сплиќани, воедно и единствен погодок на натпреварот со Рудеш од 14. коло на „Пољуд“.
„Среќен сум што го постигнав првиот погодок за овој клуб. Се надевам дека ќе ги има што повеќе“, изјави македонскиот напаѓач и репрезентативец за клупската вебстраница.
„Џелатот“ на Италија во баражот за последниот мундијал во Катар успешно ја заврши акцијата на домашниот тим во 47. минута, донесувајќи им три бода на сплитските „били“ за израмнување со Риека на врвот на табелата.
Голот на Трајковски е по 3 минути од почетокот на видеото:





