Миовски го одведе Абердин во финалето на шкотскиот Лига куп (ВИДЕО)

Бојан Миовски им донесе огромна радост на навивачите на Абердин на „Хемпден парк“ во Глазгов, постигнувајќи го единствениот гол против Хибернијан вреден пласман во финалето на Лига купот на Шкотска.



Македонскиот напаѓач во 78. минута истрча 80 метри во контранападот на својот тим, а со топката во нозе ја претрча целата половина од противничкиот дел од теренот, завршувајќи ја акцијата со прецизен удар со левата нога во долниот лев агол од голот на Маршал.

За 24-годишниот репрезентативец на Македонија ова е 10. погодок за Абердин во сите натпреварувања сезонава, со кој му донесе натпревар за трофејот против подобриот од вториот полуфинален дуел денеска меѓу Хартс и Ренџерс исто така во Глазгов.