МВР се затрупа во ѓубре, нема хигиеничари

Скалите до познатото „пасошко“ во МТВ е преполно со отпушоци од цигари, хартии и корпи преполнети со отпадоци. 360 Степени пренесува дека додека граѓаните пополнуваа формулари за лични документи, под нозе газеле на неизметен под.



Поради битка за тендер, полициски службеници добиле задача да се грижат за хигиената во службените простории по организациските единици за време на извршување на своите работни задачи, соопшти Синдикатот на македонската полиција во текот на минатиот месец.

„Се водат битки буквално, се водат битки за тендери додека вработените се жртви сега и треба да го трпат тоа и да бидат изложени на опасност по здравствената безбедност и мислам тоа мора да се надмине. Нас не не интересира таа битка која се води за превласт на тие тендери. Нас не интересира да се зачува здравствената безбедност на вработените и да прекине ова вознемирување и одржување на хигиена од полициски службеници“, вели Дејан Саздов од Синдикат на македонска полиција.
Саздов покажал и наредба од помошник-командир до полицајци – после смена, сами да си го исчистат ѓубрето. Тој вели дека состојбата е таква од 6 октомври, а нивните информации се дека еден началник се пожалил на одржувањето на хигиената, по што е раскинат целиот тендер со фирмата за одржување чистота.

Извор : 360 степени. Мк