Израелската војска соопшти дека ќе им овозможи на Палестинците да патуваат по главниот автопат во Појасот Газа денеска, како дел од напорите да ги охрабри цивилите да се евакуираат на југ подалеку од областите кои се во фокусот на нејзината војна со Хамас, пренесе Ројтерс.
На жителите од 13 до 16 часот ќе им се дозволи да се евакуираат.
„Ако се грижите за себе и за вашите најблиски, следете ги нашите упатства и одете на југ“, објави таа на арапски.
Американскиот специјален пратеник Дејвид Сатерфилд во Аман изјави дека меѓу 800 илјади и еден милион луѓе веќе го напуштиле северниот дел на Појасот, додека меѓу 350 и 400 илјади од нив останале таму.







