Ердоган го „пречкрта“ Нетанјаху!

„Нетанјаху повеќе не е некој со кој можеме да разговараме. Го пречкртавме“.



Ова денеска го изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој најави дека ги прекинува сите контакти со израелскиот премиер поради израелските напади врз Појасот Газа.

Ердоган рече и дека ќе направи се“ за да го изведе израелското кршење на човековите права и воените злосторства пред Меѓународниот кривичен суд (МКС), пренесоа турски медиуми.

„Нема да најдете друга земја чија армија се однесува толку нехумано“, истакна тој, осврнувајќи се на одговорот на Израел на крвавиот напад на Хамас на 7 октомври во кој загинаа 1.400 луѓе, главно цивили, на израелската страна.

Ердоган добјасни дека Турција не ги прекинува дипломатските односи со Израел.

„Не е можен целосен прекин на врските, особено во меѓународната дипломатија“, рече Ердоган.

Според Ердоган, Нетанјаху е главниот виновник за конфликтите и „ја изгубил поддршката од своите граѓани“.

„Треба да се повлечете и да ставите крај на оваа ситуација“, му порача Ердоган.