Полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Х.З.(45) од скопското село Крушопек кој се сомничи дека украл лична карта на лице од скопско село и во филијала на финансиско друштво на подрачје на Бутел се обидел да земе кредит.
Од вработените било забележано дека лажно се претставувал.
„Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.







