„Превирања во Алијансата за Албанците? Ова е првиот впечаток, што го создава фотографијата споделена на општествените мрежи, на која се гледаат лидерот Арбен Таравари и Зијадин Села дека ги собрале на средба во Гостивар министрите од Алијансата во Владата.“ – објави ТВ 21 во својата информација со наслов „Што се случува во Алијансата за Албанците – Таварари и Села ги собраа министрите“.
ТВ 21 пишува: „Министерот за правда Кренар Лога, Фатмир Меџити, министерот за здравство и Азир Алиу, министерот за информатичко општество и администрација, беа придружувани и од Арбен Зеќири, портпаролот на оваа партија. Арбен Зеќири не ја откри на својот фејсбук-профил целта на средбата, туку само извести дека се собрале во Гостивар.“
„Деновиве беше доведена во прашање и стабилноста на владината коалиција, откако во Собранието не помина Законот за амнестија предложен од Лога.“
Инаку, вчера шефот на кабинетот на Таравари Арбен Фетаи се огласи на фејсбук со жестока реакција, откако пропадна законот за амнестија, предложен од Кренар Лога: „Оваа криминализирана и дискредитирана власт ја блокираше речиси единствената самостојна законодавна иницијатива на Алијансата за Албанците. На СДСМ и ДУИ не им е јасно дека се како владејачка коалиција пациент во завршна, предсмртна фаза, на кого во секој момент може да му се исклучи апаратурата! Нема да го простиме понижувањето, оти никому не му должиме ништо!“





