Обезбедување на директор именуван од Данела Арсовска се степало со управниот одбор на скопско јавно претпријатие.
Сведоци тврдат дека во тепачката која се случила попладнево учествувале членовите на Управниот одбор и обезбедувањето во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје кое е под контрола на директорот.
Инцидентот се случил откако по налог на директорот Драган Илиевски на членовите на УО им било забрането да одржат состанок во канцеларијата на четвртиот кат каде секогаш се одрдржуваат состаноци.
Членовите на УО биле натерани да одат да заседаваат на друг кат каде има само ходници
по што членовите на УО одбиле да состанчат во ходник а обезбедувањето не ги пуштило да влезат во канцеларијата.
Во настанатат турканица биле разменети шлаканици, боксови и по некоја клоца тврдат сведоци.
МВР попладнево потврди дека била пријавена тепачка во јавното претпријатие.
„На 03.11.2023 година во 13.30 часот лице од Управен одбор на ‘Водовод’ пријави дека во просториите на ‘Водовод’ дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Полициски службеници од ПС Центар се упатени за расчистување на случајот“ велат од МВР.






