Почесните конзули во Македонија, педесетина на број, се спремни да ги позајмат нивните дипломатски возила за потребите на Министерството за надворешни работи на Македонија за време на конференцијата на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје. МНР за оваа конференција веќе потпиша договор од 920 илјади евра со рента кар агенција. Предлагаме и македонските министри, за време на самитот да се откажат од своите службени возила и да ги стават на располагање на колегата Бујар Османи за да се покажеме како добри домаќини и да се заштедат безмалку еден милион евра од буџетот.
Еден од почесните конзули во Македонија во разговор со МКД.мк вели дека сите негови колеги се подготвени на еден ваков чекор и тоа би го направиле заедно со нивните шофери кои во тој период би биле на располагање за потребите на МНР. Сметаме дека договорот со рента кар агенцијата „тежок“ 920 илјади евра само за потребите на самитот на ОБСЕ е навистина премногу, вели тој во разговорот со нас.
„Би ги дале нашите возила кои се и полуксузни и порепрезентативни од оние што ќе се добијат од рента кар агенцијата. Нашите возила се со дипломатски регистерски таблички, а на располагање би ги ставиле и нашите шофери. Освен тоа, секоја амбасада во Македонија секогаш ги опслужува своите министри кои ќе бидат на самитот. Значи има конструкција“, вели конзулот кој сакаше да остане анонимен.
Линк до целиот текст на МКД.мк







