„Албанскиот опозициски фронт бара оставка од директорот на Државната лотарија Перпарим Бајрами и го повикува на соработка со Јавното обвинителство за расчистување на, како што велат, криминалите поврзани со оваа државна институција и фирмата на синот на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски.“ – објави ТВ Алсат.
ТВ Алсат пишува: Дритон Сулејмани од Алтернатива вели дека Бајрами е подготвен да поднесе оставка, но не му дозволува неговиот шеф Артан Груби. Финансиската полиција извршила проверки на 1 ноември во дирекцијата на Државна лотарија и во фирмата на синот на Јахоски. Од таму одзела документи, кои може да се поврзани со финансиски злоупотреби при 10-годишен закуп на објект во Визбегово вреден 2,6 милиони евра.
„Дали сака да поднесе оставка и дали неговиот шеф Артан Груби му врши притисок да не го прави ова? Ако е позитивен одговорот, подготвени сме да му помогнеме да се ослободи од овој притисок под услов да соработува со Обвинителството.“ – изјави Дритон Сулејмани од Алтернатива.





