Дваесет безбедносно ризични државјани на Бангладеш мистериозно добиле дозволи за работа во Тетово

Дваесет државјани од државата Бангладеш кои првично оценети како безбедносен исламски радикален ризик добиле дозволи за работа во Тетово.



Првичните проверки на луѓето од Бангладеш направени во Мај покажале дека се работи за луѓе кои носат безбедносен ризик заради исламски конекции во нивната земја по што биле одбиени од македонските институции за добивање на дозволи за работа и престој и работа во Македонија.

Оваа информација ја открива техничкиот министер за внатрешни работи во последната техничка влада Наќе Чулев кој е и екс шеф на Агенцијата за разузнавање.

По само 4 месеци на мистериозен начин истите лица кои во месец Мај добиле негативна безбедносна проценка заради можна поврзаност со радикални исламски организации добиле дозволи за работа и престој во Македонија поточно во Тетово.

Чулев бара одговор од институциите кои го смениле првичниот став зошто е сменета безбедносната оценка за државјаните на Бангладеш каде според западните агенции се активни неколку моќни исламски терористички организации а оваа земја беше и дом на ќелии на Ал Каеда и ИСИС.

Чулев оваа информација ја објави во емисијата Заспиј ако можеш а истата не е демантирана ниту од институциите кои дозволиле ризичната група да влезе во Македонија ниту од надлежните служби за безбедност.

Видеото со Чулев е во овој текст во кој се открива друг скандал со Оливер Спасовски

СКАНДАЛ: Оливер Спасовски платил 2 милиони долари на израелска фирма а МВР не добила услуга (ВИДЕО)

Фото: Принт скрин Youtube