Поделениот американски Претставнички дом вчера го усвои предлог-законот предложен од републиканците за 14,3 милијарди долари воена помош за Израел, но не и за Украина, пркосејќи му на претседателот Џо Бајден, пишува Њујорк тајмс.
За усвојување на законот гласаа 226 конгресмени, а 196 беа против.
Бајден претходно побара пакет во вкупна вредност од 105 милијарди долари, а претставници на Белата куќа во вторникот рекоа дека тој ќе стави вето на предлог-законот на Претставничкиот дом бидејќи тој е „лош за Израел, за регионот на Блискиот Исток и за националната безбедност на САД“.
Демократите се противат на усвојувањето на законот бидејќи тој не вклучува помош за Украина и ќе доведе до намалување на буџетот за Даночната управа на САД.






