Тасевски до Рамадани: Играте на страна на Бугарите за побугарување на Македонците, гласавте и за промена на името на Македонија

„Го видов скандалот на ‘Само вистина’ со Рамадани. Рамадани, вие сте гостин во емисија. Не смеете да му се мешате на новинарот како да ја води емисијата, како да зборува, какви прашања да поставува. Особено кога се работи за добар новинар, чист ко солза, во етичка и морална смисла. Добро воспитан од дома. Ви пречи што ние, Македонците  нешто без прекин Албанците ова, Албанците она… ? Зошто немаме доверба во Албанците?“реагира актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук-профил јавно обраќајќи му се на поранешниот пратеник Исмет Рамадани по случувањето во емисијата „Само вистина“ на ТВ канал 5.



Натаму, Тасевски пишува: Ајде со ред… А списокот е долг. И нема да се враќам до УЧК и Мавровските работници и оние, кои им пишуваа со ножеви по грбовите и не беа дадени во Хаг,  како и оние, кои ги избркаа Македонците од Арачиново и други места, кои ја исклучуваа водата за кумановци во 2001.. Наместо во Хаг, влегоа во парламентот преку ДУИ, станаа директори, министри, а некои уште се на функции. Остави тоа.

Македонците ги боли и друго. Што излеговте да гласате за промена на името на македонската држава. Кој ви даде право да одлучувате во име на мнозинството Македонци и да им го менувате името? Кој ви дава право да влегувате во преговори со Бугарите, да играте на нивна страна за да ги побугарчите Македонците? Кој ви дава право да бидете дел од таа  пропаганда да се убедат Македонците да ги прифатат нецивилизациските антиевропски уцени на Бугарија?

На голем митинг, на кој беше повикан странски премиер, во негова чест веевте знамиња на Голема Албанија. Албанец-вицепремиер леташе орли со рачињата јавно на тв- медиуми, што е навредливо за Македонците. Симбол на тој подивеан албански  етнофашизам, кој го криете пред меѓународната јавност. Оти вие сте на место. Ние Македонците сме националисти и никакви.

Истиот тој вицепремиер рече дека Кичево е воен плен од 2001 и оти Македонец градоначалник никогаш Кичево нема да има никогаш градоначалник-Македонец. Па дедо ми Стојан е двапати ранет од балистите кај Колари и Зајас во кичевско во 1944 година.  Таа земја во кичевско е натопена и од неговата крв, Исмет Рамадани.

Колку мене ме боли кога ќе го чујам Груби премиерот дека Кичево е воен плен. Изгледа пак ќе треба да го ослободуваме, а Рамадани? И да не зборувам за вашето умешно играње на улогата жртва. Штом Македонците за нешто ќе се обидат да ви префрлат, веднаш скокате колективно, облекувате војнички чизми се заканувате со војна и вака по емисии не нарекувате националисти и ни кажувате како треба.

Ја сфаќаме ние реалноста, Рамадани, затоа сме ѓаволски исплашени од сите хиени околу нас, што сакаат да не поништат како народ, а нема кој да не заштити, зашто најдолните квислинзи ги претставуваат Македонците во власта. Рамадани, она што вчера го кажа не беше во ред. Ние очигледно не можеме заедно. Ние, Македонците и Албанците живееме во лош брак. Многу лош и отровен.

Се додека глумиме дека сме заедно, држава нема да имаме. Ќе мора пак да дојде до нешто, што никој не го сака. Свесен си за тоа, Рамадани?