Скандалозно откритие во емисијата Заспиј ако можеш според кое Министерството за внатрешни работи потрошило огромни пари на услуга што никогаш не е добиена.
Министерот Оливер Спасовски платил околу 2 милиони долари на израелска фирма за сервисирање на дроновите а МВР не добила услуга за нарачаната и платената услуга која никогаш не е доставена.
Ова во емисијата Заспиј ако можеш го открива екс министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Цели 15 часа МВР и Спасовски молчат за обвинувањата од Чулев.
Според екс министерот, иако знаел дека дроновите се ставени во хангар и не се употребуваат Спасовски нарачал и платил за нивно одржување а израелските експерти никогаш не дошле да ги сервисираат.
Наредбата дроновите да бидат ставени во магацин и да не се употребуваат и наредбата за нивно сервисирање е дадена од министерот Спасовски.
Доколку се утврди дека Спасовски свесно нарачал и платил за услуга која никогаш не пристигнала а тој самиот не презел ништо за да се спречи штетата врз буџетот министерот се соочува со еден од преостанатите 4 члена од Кривичниот закон кој предвидува затворски казни за злоупотреба на службена одговорност за која се предводени казни до 5 години.
Изјавата на Чулев е во видеото од емисијата Заспиј ако можеш





