Тричковски до професорките „што играат стриптиз“ на Законот за јазици

Новинарот Бранко Тричковски им се обраќа на професорките Каролина Ристова – Астеруд, Симона Груевска – Маџовска, Гордана Силјановска и академик Катица Ќулафкова кои што јавно се спротивставија на Законот за јазиците кој што го сметаат за неуставен.



Професорски стриптиз

Го земав упатството на Каролајн за читање на Тричковски и отидов да видам ќе ми зрачи ли различно овој генијален автор ако пуштам мислите да му стигнуваат до мојот редок мозок преку филтерот на страстната професорка. Поминав два часа на веце школката студирајки ја неговата колумна за “Македонскиот мазохизам”, жена ми веќе беше викнала екипа на Горската служба за евакуација и спасување, го издржав тропањето по вратата од малиот сералник на цела сурија комшии, не дозволив ниту за момент да ми падне концентрацијата врз текстот и врз каролајнскиот инструмент за читање на овој евангелистички автор, збогатен, инструментот, не авторот,со колумнистичките обраќања на уште една професорка и-што!?
Па, ништо!
Не забележав никаква разлика.
Човекот е феноменален и вака и така. Но, пред да пуштам вода, на дисплејот во главата ми дојде една друга слика: гледам како во зачадената македонската меана, Каролајн и нејзините другарки се фаќаат за Законот за јазиците како за шипка за ментален и културен стриптиз во кој на јавноста ќе му ја презентираат бедата на својот дух, порозната структура на своите интегритети и затнатите дупки на сите можни проекции, спуштените завеси на плитките хоризонти.
Извивајки се тука на шанкот, благо или малку посилно омамени од декаденциските импулси на една кауза во релативно, па дури, би рекол и во апсолутно опаѓање, тие се јавуваат во обид не да обезбедат простор за таа кауза ( македонската) во новите услови на забрзаниот свет, туку да му ја покажат својата развратност што ја потиснувале и контролирале во малку подобрите времиња. Тие дури и не жалат за губитокот на ексклузивниот статус на македонскиот јазик, таков е мојот впечаток, туку го користат тој губиток за својата декадентна лудорија, како апсинт и кохиба во големи количества. Врв на тоа пијанство се сентенците од колумната на една друга професорка: вие сте малцинство, ние сме мнозинство, јас можам да го учам алабанскиот, ама не морам, а вие морате да го учите македонскиот. Уф, јеботе. Кермаунер викаше дека секоја нација сака да има друга нација врз која ќе ја вежба својата супериорност. Точно како што тоа го прави цитираната професорка Маџоска. И сега, кога македонската нација очигледно ќе мора да се потруди да најде друг медиум низ кој ќе ја вежба сојата супериорност, доаѓа оваа парада на пијанството и кичот, на истурање на се што им ја загадувало крвта и мозокот со темата за Албанците: добивале десетки за знаење со кое Македонците паѓале, се вработувале преку секоја мерка, не го почитувале уставот, биле националисти, давале повод Каролајн да се гади и грози…
Би можеле да снимиме некој добар филм. “Кабаре”, но не за ситуацијата пред војната туку “Кабаре” по загубената војна. Клавир, чарлстон, свинг, буги-вуги, балбоа и Каролајн, а Маџоска пее ” Со маки сум се родила, со маки јас ќе си умрам” во ритам на линди хоп. Само уште да го најдеме нашиот Боб Фос.

Фејсбук статус на Тричковски
21 јануари 2018