„Од почетокот мислев дека на Алијансата за Албанците не ѝ е местото во оваа дискредитирана и криминализирана власт. Со случувањата околу кривичниот закон и предлог-законот за амнестија (барем за мене милоста не може да биде никогаш замена за правдата) ова мое мислење се претвори во мое убедување.“ – вели Арбен Фетаи, висок функционер во Алијансата за Албанците и шеф на кабинетот на нејзиниот лидер Арбен Таравари, во својата објавата на својот фејсбук-профил, која ја пренесе и информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА наслов „Пациентот ДУИ-СДСМ во рацете на Алијансата за Албанците“.
Натаму Фетаи пишува: Заради солидарност со власта, пратениците на Алијансата за Албанците не гласаа против скандалозната промена на кривичниот закон, што беше во спротивност за се, за што се залага Алијансата за Албанците. Наградата од страна на владејачката коалиција е блокирањето на речиси единствената самостојна законодавна иницијатива на Алијансата за Албанците.
Како што изгледа, на СДСМ и ДУИ не им е јасно дека нивната власт е како работа на пациент во завршна фаза и оти во секој момент може да му се исклучи апаратурата. Не сме му должни никому, па да не понижува!





