Миликије Халими, поранешна градоначалничка на Арачиново, а потоа и инспектор во Царина, која стана директор на АД „Аеродроми Македонија“ ,имала завршено економски факултет.
Од нејзиниот кабинет за Канал 5 изјавиле дека Халими има завршено економски факултет, но не прецизирале кога ги завршила студиите и на кој Универзитет.
На нејзиниот Фејсбук профил пак стои дека има завршено Педагошки факултет, пишува Фокус.
Премиерот, Димитар Ковачевски застана во нејзина одбрана и рече дека за функцијата ја предложила Владата
„Предложена е од Владата на врз основа на унверизитетска диплома којашто ја има и каква што диплома имаат и други функционери коишто обавуваат пратенички или други функции“, рече Ковачевски.
Откако и заврши градоначалничкиот мандат Халими беше вработена во Царина со средно медицинско како инспектор за борба против економски криминал.
За новата функција јавно се заблагодари на матичната СДСМ.






