Предлог законот за амнестија, предложен по скратена постапка од министерот за правда Кренар Лога, е на дневен ред денешната 129-та седница на Собранието на Република Северна Македонија.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека со 5.000 амандмани ќе го блокира носењето на Законот за амнестија.
Амандмани најави и СДСМ со цел да изземат од амнестирање осудените од предметот „Монструм“.
Министерот за правда, Кренар Лога најави дека на пратениците ќе им додели албум со слики од затворите и нивната состојба таму.
„Со овој закон се уредува ослободување од извршување на казна затвор (амнестија) лица осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со Кривичниот законик или други закони, кои на денот на
влегувањето во сила на овој закон започнале или не започнале со издржување на казната затвор во казнено-поправните установи во државава и лица осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со кривични закони на друга држава доколку сторителот е државјанин на еверна Македонија и казната ја издржува во Македонија врз основа на извршување на кривична пресуда на странски или меѓународен суд и истата е признаена со пресуда на надлежен суд во Македонија, согласно меѓународен договор ратификуван согласно Уставот на Република Македонија, стои во образложението,.
И заменик-министерката Викторија Аврамовска, како и премиерот Ковачевски претходно, најави амандмани од СДСМ, доколку со предлог законот се предвидува можност да се амнестираат осудени лица за убиството кај Смилковско Езеро.
Законот ќе се носи по скратена постапка, а тоа значи дека ќе се прескокне делот каде што има општа и теоретска расправа за законот и директно ќе се оди на амандманска расправа.







