Каква порака ѝ праќа на РМ Ќоку, претставникот на Курти, дека „ниедна држава не е позагрозена од неа, ако има судири на Косово“?!

„Не постои држава, која е позагрозена од * Македонија, ако се случат какви било немири, или судири на Косово.“ – со ова загадочно предупредување, упатено кон Македонија, се огласи  Беким Ќоку, официјалниот претставник на владејачката партија косовска „Ветвендосје“ – „Самоопределување“ за Македонија и политички советник на нејзиниот лидер и премиер на Косово Албин Курти за Македонија.



На својот фејсбук-профил фејсбук вчера попладнето и пред полноќта Ќоку напиша: Но, овој факт не беше земен предвид кога  се случи терористичката акција на Србија во Бањска, Косово, на 27 септември годинава. Во Европа не постои држава (Влада, претседателство или Собрание) што покажала таква флагрантна рамнодушност како * Македонија за случајот со Бањска.

„На денот на нападот, во близина на манастирот во Бањска се наоѓале и 7 аџии, државјани на * Македонија. Кој може да каже дека српската терористичка група на чело со Милан Радојчиќ  не го пресметала овој факт, оти во текот на борбите може да настрадаат и македонските аџии, па потоа судирот да стане и регионален?!“

„Зошто не реагираше државниот врв на * Македонија, зошто немаше став ниту од албанскиот претседател на Собранието на Македонија во врска со еден толку опасен случај? Во врска со индиферентноста на државата * Македонија кон терористичкиот чин на Србија во Косово нејзиниот претседател Стево Пендаровски кажа вечерва во интервјуто во ТВ Шења да биде прашан министерот за надворешни работи Бујар Османи.“

„Според Пендаровски, Османи бил одреден да го искаже официјалниот државен став во врска со овој случај. Значи, му било препуштено на Бујар Османи да одлучи каков став ќе заземе државата * Македонија за терористичкиот напад на територијата на Република Косово.“

„Ако е така, како што тврди претседателот Пендаровски, тогаш се надевам дека ќе се најде некој новинар, кој би му поставил прашање на Бујар Османи зошто Владата која тој ја претставува, зазеде толку мек став кон овој агресорски чин на Србија, државата, што ја раководи пионот на Слободан Милошевиќ Вучиќ, а со кого Бујар и неговата Влада имаат договор со заедничка поврзаност и цел под име ‘Отворен Балкан’.“