Нов остар напад од врвот на АА кон ДУИ – Фетаи: Главата на ДУИ е криминална структура, што ја интересираат само милионите!

Главата на ДУИ е криминална структура, која ја интересираат само милионите.“ – со овој остар напад кон Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција, но и нејзиното раководство, се огласи Арбен Фетаи од Алијансата за Албанците преку фејсбук. Фетаи е дел од врвот на партијата, шеф е на кабинетот на лидерот Арбен Таравари, но и раководител на патискиот Оддел за евроинтеграции. Оттука е уште поголема тежината на острите квалификации, кои доаѓаат од Алијансата за Албанците кон нејзиниот партнер во владината коалиција ДУИ.



Во објавата на својот фејсбук-профил, која ја пренесе и информативната агенција на албански јзик Илирија-ИНА под наслов „Главата на ДУИ…“, Фетаи пишува: „Охридскиот договор има три главни столбови: официјалниот албански јазик,  соодветна застапеност на Албанците во државната администрација и децентрализацијата. ДУИ е на власт повеќе од 20 години и се повикува речиси само на Охридскиот договор. Две децении подоцна албанскиот јазик се официјализирал многу пати, но не е ни блиску до официјалниот статус. Се уште има десетици институции со нула вработени Албанци вработени и застапеноста е далеку од соодветна, додека * Македонија продолжува да биде најцентрализирана земја во Европа.“

За две децении на власт и анемичната Партија за демократски просперитет ќе направеше повеќе за Албанците отколку ДУИ. Причината е едноставна: главата на ДУИ е криминална структура, која ја интересираат само милионите. ДУИ е целосно распродадена и е навлезена во системот.