Дали „засолениот“ руски гас ќе ја погоди и Македонија!?

Таксата за рускиот природен гас што од денеска ја воведува за расукиот гас кој транзитира низ Бугарија , ќе има импликации и за Македонија.



Оваа нова давачка од 10 евра за мегават час природен гас, насочена пред се кон Србија и Унгарија ја засега и Македонија.

Бугарија дополнително го поскапува рускиот гас

Македонските власти бараат начин како да ја заобиколат оваа давачка за да нема негативни импликации врз економијата во земјава.

Одлуката за оваа такса Бугарија ја усвои на 13ти октомври, а опозицијата во Бугарија е против водедување на ваква давачка со образложение дека е противуставна.

Македонски власти бараат решение што ќе прават или од каде ќе набавуваат природен гас во замена за рускиот.

Од Министерството за економија се децидни дека не се против воведување на санкции против Русија, сега надлежните државни институции бараат решенија како да постапат во однос на овој нов предизвик кој може повторно да предизвика раст на цените на производите и дел од услугите.

Македонските власти чекаат одговор и од Европската комисија и од Европската енергетска заедница каде се испратени дописи за овој нов проблем кој ја засега државата.

Надлежните во Македонија бараат да се ослободат количините на природен гас кои ги има закупено од Гаспром во интерконекторот со што на Македонија ќе и овозможи да побара нови извори од овој енергенс.

Македонија годишно троши околу 450 милиони метри кубни природен гас.

Со природен гас се произведува и парното во Скопје, но вчера од регулаторна при соопштување на новата повисока цена соопштија дека нема да има ново промена на цената во случај да не се најде позитивно решение во однос на таксата која ја наметна Бугарија за дистрибуција на природен гас. (Денар)