Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска го распушти српското Собрание и распиша предвремени парламентарни избори за 17 декември, пренесува Танјуг.
„Согласно образложениот предлог на владата од 30 октомври донесувам указ за распуштање на Народното собрание на Република Србија“, рече Вучиќ.
Најави дека парламентарните избори ќе се одржат на 17 декември и рече дека роковите за спроведување на изборните дејствија почнуваат од денот на стапување во сила на оваа одлука.
„Живееме во време во кое е неопходно сите да бидеме обединети во борбата за зачувување на виталните, националните и државните интереси на Србија. Во време во кое ќе бидеме под голем притисок, како поради нашите односот со Косово и Метохија и поради други регионални и светски прашања“, рече Вучиќ обраќајќи им се на граѓаните.
Тој исто така рече дека за Србија е многу важно да ги зачува мирот, стабилноста и внатрешната кохезија и да ја покаже сета демократија, додавајќи дека оваа кампања е можност на граѓаните на цивилизиран начин да им се претстават различни идеи, програми, политики кои треба да се натпреваруваат, но кои никогаш не треба да ги загрозуваат виталните интереси на Србија. Тој на сите учесници во претстојната изборна кампања им посака добар резултат во презентирањето на нивните идеи и политички цели.
„Сакам сето ова да го направат на демократски и цивилизиран начин, а за граѓаните на Србија е важно да победи најдобриот, да победи најдобрите програми и најдобрите идеи“, рече Вучиќ, кој е убеден дека овие избори ќе да ја зајакне демократијата во Србија и во исто време да гарантира безбеден пат во иднината.







