Египетската влада честопати изразува загриженост поради можното принудно масовно иселување на Палестинците да избираат помеѓу смртта под израелското бомбардирање или раселувањето од нивната земја.



Египетскиот премиер Мостафа Мадбули во вторникот, 31 октомври, го повтори апсолутното отфрлање на неговата земја на наводниот израелски план за присилно раселување на Палестинците од Газа во провинцијата Северен Синај.

Изајвата на Мадбули дојде еден ден откако Израел призна дека Министерството за разузнавање подготвило „предлог за време на војна“ за префрлање на над два милиони жители на Газа на Северен Синај, што наиде на осуда од Палестинците и влошување на тензиите со Египет.

Теоријата на заговор за раселување на Палестинците во Северен Синај не е новост.

Од 1950-тите, во Египет постои загриженост дека Израел би можел насилно да ги премести Палестинците од Газа, а овие чувства се зајакнати со неодамнешната израелска наредба до Палестинците во Газа да го евакуираат северниот дел од енклавата.

На 18 октомври, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси за време на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Каиро рече дека жителите на Газа може да се преселат во израелската пустина Негев наместо во Синај „додека Израел не биде способен да ги победи Хамас и Исламскиот џихад.

Потоа, Палестинците би можеле да се вратат во својата татковина“.