Бугарија доби „зелено светло“ од ЕУ за наплата на „данок“ за рускиот гас што минува низ нејзина територија.
Земјата може сама да одлучи како да ги користи приходите што ги добива од данокот од 10 евра/MWh за увоз на руски гас што минува низ бугарска територија, потврди Европската комисија.
„Таксите што Бугарија ги наплаќа за транзит на руски гас во Србија, Унгарија и Северна Македонија се национална мерка и затоа е на Бугарија да одлучи каде ќе ги распредели приходите“, изјави портпаролот на Комисијата Тим Мекфи.
Бугарија очекува 1,2-1,5 милијарди евра годишен приход од новиот данок, за кој Денков рече дека може директно да оди во буџетот на ЕУ.
Потегот на Бугарија веќе ги налути Унгарија и Србија, кои зависат од рускиот гас што се транспортира преку продолжувањето на Турски тек.
Додека Будимпешта и Белград велат дека данокот на гас ќе го поскапи рускиот гас за 20 отсто, Софија вели дека такста треба да ја плати Гаспром.
„Газпром“ допрва треба јавно да се изјасни за новововедениот данок на енергија, а се уште не е јасно дали имаат намера да го платат.
Пред една недела бугарскиот министер за финансии Асен Василев рече дека доколку Гаспром одбие да плати, ќе биде запленети неговите финансиии или имотот во земјата.







