Емануел Франкос, пратеник во Европскиот парламент од ултранационалистичката партија Грчко решение, ѝ се налути на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која за време на посетата на Македонија порача: „Со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде вам, на вашиот единствен идентитет и на вашиот јазик, македонскиот јазик“.



„Македонија е Грција! Фон дер Лајен засрами се!“, реплицира Франкос на Твитер.

Единствениот европарламентарец од партијата со 12 пратеници од вкупно 300 во грчкиот парламент и писмено ѝ се обрати на шефицата на ЕК за „неприфатливите изјави во Скопје за ‘македонски јазик’“.

„Напаѓајќи ја хеленската култура, вие ги напаѓате самите темели на Европа. Одговорот ви го даваат спомениците во Пела, Филипи, Амфиполис.

Засрами се.

СРАМ ЗА ‘грчката’ Влада што дозволи да ја напаѓате историската вистина.

Договорот од Преспа е СРАМЕН.

НИЕ ГРЦИТЕ НАСКОРО ЌЕ ГО ОТКАЖЕМЕ!!!“, напиша Франкос во друг твит.